Мировен марш за чист воздух во Скопје

Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ заедно со уште 18 граѓански, невладини организации, денеска попладне организираат мировен марш за чист воздух.

Почетна точка на акцијата е Владата на РМ, по што ќе се помине низ булеварот „Илинден“ и булеварот „8 Септември“ каде учесниците ќе се спојат со партнерските граѓански организации „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така ќе имаат мирен протест.



- Сметаме дека токму овој период е исклучително важен за да се чуе гласот на граѓаните кои буквално, во сите поголеми градови во Македонија, Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Струга, Куманово, Кавадарци директно ги чувствуваат последиците на токсичниот воздух.

Сметаме дека овој период е особено важен пред новите локални власти да се позиционираат, за да можат сериозно да го сфатат проблемот и заедно со централната власт да можат да превземат итни, но и краткорочни, а понатаму и систем на долгорочни мерки за решавање на проблемот, изјави Ели Пешева од Коалицијата О2.

Поддршка на маршот од страна на граѓаните очекува Драги Змијанац од Првата детска амбасада „Меѓаши“.
- Мора да излеземе и јасно да кажеме не само Скопје туку Кавадарци, Куманово, Битола, Тетово, и многу други градови што се засегнати со правото на живот. Чистиот воздух и здравата животна средина е елементарно човеково право и за ова не треба да се дискутира. Забележуваме поголема мобилност од страна на Владата на РМ и се надеваме дека овој наш притисок ќе вроди со резултати, затоа што ние испорачавме краткорочни, среднорочни и долгорочни барања и очекуваме да се случи промена.

Ќе излегуваме на улица почесто, затоа што само на тој начин може да покажеме дека децата имаат право на чист воздух. Секое второ дете во загадените градови боледува од асма, истакна Змијанац.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...