Францускиот кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

Скопје, 21 септември 2017 (МИА) - Францускиот кинематографер Пјер Лом, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 38-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, пристигна во Македонија.
Лом денеска, по краток престој во Скопје заедно со својата сопруга Рене, ќе замине во Битола, каде на свеченото отварање на фестивалот ќе му биде врачена наградата Златна камера 300 за животно дело.

Францускиот кинематографер во Македонија е на поканата на директорот на фестивалот Благоја Куновски Доре.
- Среќен сум што дојдов во Македонија секогаш е добро кога ќе се посети нова земја, рече Лом веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром.

Пјер Лом е легенда на француската и европската кинематографија. Има работено со американскиот режисер Џејмс Ајвори, со кого има снимено четири, многу важни филмови за неговото творештво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...