Средба Коѕиас-Димитров во Њујорк

Атина, 21 септември 2017 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Коѕиас и Никола Димитров вчера имале заедничка вечера во Њујорк, каде присуствуваат на Генералното собрание на ОН.
Грчкото МНР на Твитер објави фотографии од средбата, но не соопшти ниту еден друг детал. Засега нема никакви информации ниту преку грчките медиуми за што разговарале двајцата министри.
Коѕиас пред два дена во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, со кого, меѓу другото, разговарале и за прашањето за името. Шефот на грчката дипломатија по средбата, на која присуствувал и медијаторот Метју Нимиц, изрази уверување дека после изборите постои прозорец за можности за дискусија за прашањето за името, ако се напушти иредентизмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...