Србов: Мерките за либерализација на енергетскиот пазар се основа за богатење на СДСМ

Скопје, 21 септември 2017
Новите мерки кои ги предвидува Социјалдемократскиот сојуз за либерализација на енергетскиот пазар, самите по себе претставуваат конфликт на интереси и основ за богатење на партискиот апарат на Социјалдемократскиот сојуз и неколкумина владини функционери.
По стапувањето на функцијата „Вицепремиер за економски прашања“, Кочо Анѓушев се здоби со широк дијапазон на овластувања и можности за влијание, покрај другото, и на законите поврзани околу енергетската област во која тој дејствува како деловен ентитет и е директно засегнат.
Понатамошната либерализација на пазарот која ќе ја спроведува владата на Социјалдемократскиот сојуз, по барање на Анѓушев, ќе доведе до зголемување на неговото пазарно учество како резултат на „проголтувањето“ на помалите фирми, со што, контролата на цените и понуденото количество ќе зависи речиси исклучиво од групацијата „Фероинвест“. Ваквата политика ќе доведе до влошување на позициите на МЕПСО, ЕЛЕМ, ЕВН и останатите компании. Ова ќе предизвика нагло ослабнување на ЕЛЕМ и МЕПСО кои ќе отпуштаат илјадници луѓе од работа. На тој начин, овие две компании се обезвреднуваат и стануваат потенцијален бонбона бизнис за блиските соработници на Заев.
Во овој момент фирмите на Анѓушев држат 90% од пазарот на електрична енергија кој е веќе либерализиран за правните субјекти, со новите измени Анѓушев ќе го покрие и пазарот за домаќинствата, поточно, сите домаќинства ќе користат електрична енергија која ќе им ја продава Анѓушев. Со тоа, лично Анѓушев ќе ја диктира цената на електричната енергија која, според досегашните искуства, можно е да порасне и до 50% за домаќинствата.
Фирмите на Кочо Анѓушев работат исклучиво со увезена електрична енергија, бидејќи со новиот закон за либерализација можно е да дојде до целосен монопол на пазарот од страна на „Фероинвест“, ќе се намали и производството на електрична енергија на ЕЛЕМ. Со овие измени енормно ќе се зголеми увозот на електрична енергија во државата, со што, Македонија можно е да се претвори во целосно енергетски зависна држава. Зголемениот увоз ќе предизвика влошување во билансот на плаќања на државата, зголемен трговски дефицит и намалување на девизните резерви на државата. Сето ова ќе иницира потреба од понатамошно задолжување на Република Македонија и зголемување на јавниот долг.
Контото на Анѓушев ќе расте на сметка на граѓаните кои ќе плаќаат повисоки цени како резултат на спроведената либерализација со која манипулира Социјалдемократскиот сојуз, а за што ние веќе предупредивме.
Во Република Македонија живот дојде само за неколкумина бизнис пријатели на Заев, а за народот пристигнаа поголемите сметки и понизок стандард.

Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...