Асфалтирана кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари

Кочани, 21 септември 2017 (МИА) - Целосно е завршена кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари, активност од договорот на Општина Кочани со Министерството за финансии за ИПА-грант во висина од 16 милиони денари, за компонентата „ИПА инвестициски грантови“, финансирана од ЕУ во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги.
- Оваа улица во Оризари е во должина од 742 метра и ширина на коловозот од седум метри и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 до два метра. Паралелно со ова, извршено е санирање на мостот на влезот во Оризари и поправка на оштетувањата со проширување на регионалниот пат М5. Поставено осветлување со 24 канделабри, а наскоро улицата ќе ја добие и својата хоризонтална и вертикална сигнализација, соопшти помошник-раководителот на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани, Влатко Димитров.
Со завршувањето на овој дел, улицата се приклучува со асфалт со патот М5 Кочани - Виница според сообраќајно решение од надлежните институции.
Според Димитров, грантот на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260.000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и за подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.
Вкупниот износ на проектот e 315.607 евра, кофинансирањето од националниот буџет е со 65.000 евра и со општински 55.607 евра. Реализацијата на првиот дел од проектот „Изградба на локален пат - улица ‘Гоце Делчев‘ за поврзување на село Оризари со регионален пат и со градот Кочани“ е со грантот од ЕУ во износ од 195.000 евра.
Со овој проект и продолжувањето на изградбата на претходните 970 метри асфалт е комплетиран целиот локален пат - улицата „Гоце Делчев“, со што населбата Оризари доби модерен приод кон магистралната сообракајница која го поврзува Кочани со Виница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...