Почна асфалтирањето на неколку улици во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22 септември 2017 (МИА) - Во Македонска Каменица почна асфалтирањето на неколку улици и изградба на локални патишта во селата Моштица и Дулица.
Градоначалникот Дарко Митевски кој денеска изврши увид на почетокот на асфалтирањето на улицата „8 Септември“, истакна дека претходно на оваа делница целосно е завршена атмосферската канализација и е поставена воводната мрежа.
- Целосно ќе се обнови асфалтниот слој и ќе се постават нови рабници. Со тоа ќе биде ставена целосно во функција и новоизградената атмосферската канализација по што ќе следува асфалтирање на новата улица изградена кај детското игралиште каде што ќе бидат изградени и два паркинг простора, истакна Митевски.
Тој додаде дека продолжение на овие проекти ќе биде изградбата на нови локални патишта во руралните средини, во селата Моштица 1 и во Дулица, каде ќе се асфалтира патот кој ги поврзува маалата Цоцевци и Доганско маало. Вредноста на проектите е 20 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...