Уредени 180 метри од кејот на Липковка во Куманово

Куманово, 22 септември 2017 (МИА) - Вкупно 180 метри од кејот на реката Липковка се уредени со проектот за регулација на речното корито што почна од средината на јули годинава.

Како што информира денеска секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска, работите стартуваа од вливот на Којнарка и Липковка, а досега се завршени 180 метри.

- Во првата фаза од проектот се очекува да бидат завршени 400 метри, а во наредниот период вкупно 1,8 километри. Проектот е поддржан од УНДП преку Јапонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Куманово одвоиjа по 200.000 евра, рече Алексовска.

Со проектот е предвидено продлабочување и проширување на речното корито, како и поплочување со камења за намалување на можноста за излевање на реката и поплавување на домовите на жителите кои живеат покрај речното корито, претежно социјално ранливи категории граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...