ВМРО: Анѓушев, помогнат од Заев ги крши законите

22 септември 2017
Анѓушев потпомогнат од Заев ги крши законите во низа. Социјалдемократскиот сојуз упатува порака кон граѓаните дека за врхушката на власта не важи ниту еден закон.
Владата на Социјалдемократскиот сојуз го прекрши Изборниот закон, и во период пред избори изврши пренамена на земјиште, со цел фирмите на Кочо Анѓушев да градат милионски објекти.
По кршењето на Изборниот закон од страна на владата со цел пренамена на земјиштето за градба. Анѓушев го крши Законот за градење и почна со градба на својата хидроелектрана „Тополка“ пред одобрението за градба да стане правосилно.
Според информациите што ги објавија медиумите, Анѓушев отпочнал со градба 6 дена пред законски предвидениот рок. Фотографиите објавени од страна на медиумите направени на терен го потврдуваат криминалот на Кочо Анѓушев.
Анѓушев прави кривично дело и директно го крши чл.65 од Законот за градење, кој вели: - Инвеститорот може да започне со изградба на градбата врз основа на правосилно одобрение за градење.
Согласно закон одобрението е правосилно 15 дена по издавањето, одобрението е издадено на 11-ти септември, а Анѓушев со градбата почнал на 20-ти септември, односно 6 дена порано. Законот е дециден и не остава простор за провизорно толкување.
Анѓушев тоа го знае, но сепак се решил истиот да го заобиколи.
Челниците на владата на Социјалдемократскиот сојуз влегуваат од криминал во криминал. Заев и Анѓушев се однесуваат како законите во Република Македонија да не важат за нив.
Ова е двократно кршење на законите од страна на Заев и Анѓушев во период од неколку дена.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува градежниот инспекторат и надлежното Јавно обвинителство да постапат согласно закон и да го санкционираат оваа безаконие.
Ваквото безаконие не смее да остане неказнето. По враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите прекршители на законите кои вршеле криминал со цел да и се додворат на врхушката на власт ќе одговараат.
Граѓаните први че му стават крај на ваквиот криминал и на 15-ти октомври ќе речат НЕ за безаконието кое го создава Социјалдемократскиот сојуз.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...