Викендов голема акција иницирана од граѓаните за чистење и разубавување на Ченто

Скопје, 23 септември 2017 - Под мотото “Ченто, чисто ти ќе бидеш”, во сабота, 23 септември 2017, жителите на населбата Ченто и одговорните соседи ќе мрдаат со прст и ќе се погрижат овој дел од градот да блесне во полн сјај.


Акцијата за разубавување на Ченто ќе започне точно на пладне, во областа кај зградите кај последната автобуска станица на автобуската линија 45.

Суштината на граѓанската иницијатива “Мрдни со Прст” е да предизвика акција за активно вклучување на поединците, здруженијата и компаниите и да го потенцира нивниот индивидуален придонес кон остварување на големи резултати од општествен интерес.

Ова саботно чистење околу зградите во Ченто на последна 45ка го иницираше Анета, жителка од Ченто инспирирана од успешно реализираната акција за чистење и разубавување во општина Аеродром во јули годинава. Анета е еден од главните иницијатори и мрдачи со прст која ја презема организацијата и реализацијата на овој настан и заедно со своите соседи ќе се погрижи своето маало да го претвори во поубаво место за живеење за сите.

Како дополнително разубавување на просторот и потсетник за одржување на чиста околина ќе остане уметноста на графит артистот Драш, кој оваа акција ќе ја преслика на една од зградите во околината. Ако ни се приклучите во акцијата, ќе имате можност да се дружите со водителот Марко Новески и дел од жителите на Ченто.

Повеќе информации за иницијативата Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk и Фејсбук страницата https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/

Мрдни со прст! Ти си на потег!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...