Во Собранието продолжение на расправата по законот за јазиците

Скопје, 22 септември 2017 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска на напладне ќе ја продолжи расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање. Пратениците шести ден ќе расправаат за потребата од донесување на овој закон.
Седницата за оваа точка беше прекината ноќеска 15-тина минути по 2 часот на барање на пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во досегашната расправа помина обраќањето на десетина пратеници од вкупно пријавените седумдесетина. Пратениците од опозицијата обвинуваат дека законот е противуставен и бараат негово повлекување, додека според парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот и со него не се нарушува унитарниот карактер на државата.
Според најавите на претседателот на Собранието Талат Џафери поради почетокот на изборната кампања за локалните избори во понеделник на 25 септември се очекува викендов Собранието да ја прекине работата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...