Таравари: Тимот во МЗ ќе продолжи успешно да работи како во првите 100 дена

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, уверува дека Министерството за здравство ќе функционира беспрекорно и во периодот додека е кампањата.

- Во Министерството за здравство работи екипа од 15 лица кои се компетентни и кои ја вратија довербата во Министерството за здравство. Додека сум јас кандидат за градоначалник нема никакви законски пречки за мојот заменик министер да ја врши мојата функција. Инаку екипата си функционира беспрекорно, рече министерот одговорајќи на новинарски прашања денеска при давањето отчет за сработеното во првите 100 дена.

Потенцира дека денот кога ќе го земе сертификатот за градоначалникот од тој ден во Министерството за здравство ќе дојде друг човек кој треба да продолжи да ја спроведува владината политика.

- Ова што го спроведуваме не проект на еден човек, туку на Владата и еден човек од таа влада е Арбен Таравари. Тој има своја екипа во Министерството и ако се тргне еден човек и се стави друг екипата ќе продолжи со работа успешно исто како во првите 100 дена, потенцира Таравари.

Тој потенцира дека ќе се обидат да направат здравствениот систем да почне да функционира како што треба, посочувајќи дека тој е скоро уништен и оти навистина е тешко тоа да се спроведе тоа.

- Доенечката смртност е еден од индикаторите што ни покажува каков е нашиот здравствен систем. Не е крив еден човек или една клиника што тоа се случува. Тоа е резултат на еден девастиран здравствен систем. Тоа е последица на тоа што се случува во здравството во последните 10-15 години, рече Таравари одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи дека проблемот со смртноста на новороденчињата е нешто што за жал го има и во 2016 и годината претходно и оти треба да се направи стратегија како доенечката смртност да се намали 20 проценти до 2020 година.

Како проблем го посочи големиот број раѓања во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и непостоењето интензивна нега и во другите градови.

- Основниот проблем е што интензивна нега за доенчиња има само на Клиниката во Скопје. Треба да почнеме и веќе размислуваме да се отвори интензивна нега и во Штип и Тетово, рече Таравари.

Во отчетот наведе мерки што се веќе преземени како продолженото времетраење на лекарскиот преглед во Мој термин, проектот „Добредојде бебе“, преодното решение за здравствените електронски картички, воведените комплетни лабораторски испитувања во Детската болница Козле во трета смена, решен е проблемот со гинекологот во Шутка...

Информира дека се работи на измени и дополнувања на Законот за лекори и медицински средства со кои ќе се обезбеди сигурен, квалитетен и безбеден лек на пазарот во РМ ќе се воведат построги критериуми во постапката за добивање одобрение за паралелен увоз на лекови. Се работи, како што рече, и на решавање на долгогодишниот проблем за неплаќање на специјализантите, се работи на отворање на дневниот центар за аутизам за што МЗ ќе обезбеди медицински кадар и професионална поддршка за потребите на центарот, а во моментот, како што рече, се работи и на израмнување на коефициентот на ноќниот труд и дежурствата во сите клиники низ Македонија на целиот медицински персонал.

Најави дека ќе се укине партиципацијата за здравствени услуги за лицата приматели на социјална парична помош, како и намалување на цената на вакцината за лицата кои одат на аџилак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...