ЛИ2017/Шилегов: Ефикасно ќе работиме за сите, ќе се грижиме за ранливите категории граѓани

Скопје, 5 октомври 2017 (МИА) - По победата на 15 октомври, Скопје повторно ќе стане Град на хуманитарноста. Хуманитарноста ја враќаме како еден од нашите врвни приоритети, вети кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ и Коалицијата за живот, Петре Шилегов.
- За разлика од досега, ранливите категории на граѓани, а наши сограѓани, лицата со посебни потреби кои што беа ставени на маргините на општеството, ќе бидат во еден од приоритетите за нивно вклучување во системот за обезбедување на можности за квалитетен живот, нормално секојдневие и ефикасно функционирање. Во тој контекст, секоја следна градска политика, инвестиција, секој тротоар и плоштад, лифт или зграда, кои што се под надлежност на градот и на општините составен дел од градот, мора да бидат инклузивни и за оваа категорија на граѓани, изјави Шилегов по посетата на општина Аеродром.
Тој нагласи дека земаат обврска секоја институција, јавен и урбан простор да го направат пристапен за секој до крајот на неговиот мандат, како и обезбедување дефектолог во секое училиште што ќе овозможи грижа за оваа категорија на лица.
- Градот на солидарноста не ги заборава луѓето од улиците. Градиме преноќувалиште за бездомници, со што ќе обезбедиме покрив над глава за секого во ладните скопски ноќи, и ќе нудиме и бесплатни оброци, основна здравствена хигиена. Новата градска администрација ќе обезбеди ефикасен пристап до европските средства, кои што досега целосно беа занемарувани. Преку нив ќе работиме на системска поддршка на бездомниците и на сите категории граѓани на кои што тоа им е неопходно, вети Шилегов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...