Хуманитарен настан за бездомните животни

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Промотивен/хуманитарен настан за собирање донации за помош и заштита на бездомните животни, организира денеска Граѓанската иницијатива Кане Корзо Надеж.

Настанот е од отворен карактер, а поканети се сите кои сакаат животни, доброволци, активисти. Ќе можат да донираат храна, ампули, каква било опрема за кутриња или друго нешто што би можело да биде корисно за бездомните животни.

Уметниците Лидија Стефановска, Светлана Ивановска, Марина Јакшиќ, Жаклина Мучева, Соња Димовска, Алма Идризи, Емили Унева, Ангела Стојановска, Неслихан Сулејман,... ќе имаат изложено свои ракотворби, а 20 отсто од нивната заработка ќе биде донирана за бездомните животни.

Настанот го помага и модниот дизајнер Ирина Тошева заедно со студио Ла Дама. Тие, од сумата собрана од продадените парчиња, ќе донираат 30 проценти за бездомните животни.

Изложена ќе биде и поезијата „Еленот слуша виножито“, донација од издавачката куќа „Три“, со Магдалена Чапаровска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...