Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава е почувствуван во Охридскиот регион.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е регистриран во 9:54 часот, а епицентарот бил пет километри источно од Охрид.
Магнитудата на земјотресот според Рихтер е 3,4.