ЛИ2017/Завршува кампањата, од полноќ молк пред неделните локални избори

На полноќ завршува дваесетдневната изборна кампања и почнува молкот пред локалните избори во недела.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ја заокружи кампањата со средби со граѓани во Дебарца и Вевчани, и со митинзи во Струга и Охрид.



Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има завршен митинг во Скопје.
Демократската унија за интеграција ќе има финални средби со граѓани во повеќе општини.

Движењето „БЕСА“ организира средба со граѓани во Чаир.
Гласањето вo недела на 15 октомври почнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Локалните избори ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Во сабота, ден пред изборите, гласаат болни и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор.
Право на глас на претстојните локални избори имаат 1.814.644 гласачи.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

На шестите локални избори во Македонија учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.Изборитe на 15 октомври се шести локални избори во Македонија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...