Гугучевска: Сите неправилности се отстранети, гласањето тече без прекин

Излезеноста до 13 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територија на РМ изнесува 27,11 проценти. На ниво на Град Скопје е 29,17 проценти, соопшти на денешната втора прес-конференција портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

На ниво на Републиката највисока излезност од 47,53 проценти е забележана во Демир Капија, а најниска во Желино 17,71 процент.

Во скопските општини излезноста е следна: во Аеродром 33,97 проценти, во Бутел 28,44 проценти, во Гази Баба 29,34 проценти, во Ѓорче Петров 32,98 проценти, Карпош 34,64, во Кисела Вода 32,45 проценти, Сарај 20,31 процент, Центар 33,52 проценти, Чаир 21,88 проценти и во Шуто Оризари 19,16 проценти.

Во Скопје, според бројот на излезени гласачи, излезноста е највисока во Карпош 34,64, а најмала во Шуто Оризари 19,16 проценти.



На прашањето дали се регистрирани неправилности во текот на изборниот процес, Гугучевска изјави дека ДИК во моментов е во постојано заседание, односно има седница на која сите предизвици кои се појавуваат во текот на гласањето се решаваат.

- Сите неправилности се отстранети и гласањето тече без прекин, рече Гугучевска.

Од ДИК не ги коментираа забелешките на МОСТ во однос на неправилности во текот на гласањето и најавија прес-конференција во 18 часот на која ќе дадат пресек за излезеноста до 17 часот и за случувањата на избирачките места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...