Заев: Победивме во 40 општини уште во првиот круг

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 40 општини, а води убедливо во Скопје, објави вечерва лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Оцени дека изборите биле исклучително фер, демократски и регуларни и оти на нив, како што рече, победиле сите со слободно изразената волја. Со тоа, истакна, се даде поддршка на едно општество за сите и за раст и развој.



Од резултатите за 469 гласачки места од вкупно 685, кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата предвидена од СДСМ има 75.626 гласа, а противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ 53.812.

- Ако трендот продолжи вака ќе имаме победа уште во првиот круг, рече Заев, на прославата пред Владата.

Во Скопје, како што рече, победиле и во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Шуто Оризаи, а тесна разлика има во Кисела Вода, Бутел и Гази Баба, каде што кандидатите на СДСМ се фаворити за вториот круг.

- Победивме во Зелениково, Арачиново, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Пехчево, Делчево, Берово, Конче, Радовиш, василево, Босилево, Ново Село, Струмица, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Лозово, Велес, Прилеп, со 12.000 гласа во Битола, Ресен, Охрид, Дебарца, Вевчани, Кривогаштани, Маврово и Ростуше, Крушево, Јегуновце, и веројатно и во уште неколку, рече Заев.

Очекува победата да продолжи таму каде што не успеале уште во првиот изборен круг.

Според Заев, граѓаните покажале колку се важни локалните самоуправи. Им порача на новите градоначалници дека завршила ерата на локални шерифи и апелира на чесност, посветеност и одговорност пред граѓаните.

- Ни дадоа голема чест, но и одговорност нашите граѓани, сега повеќе нема изговори, туку засукување на ракавите и работа. Вечерва да прославиме, а од утре одговорно и посветено со почит кон секој граѓанин без разлика дали гласал за побединичката партија или не. Ние сме одговорна локална и централна власт пред сите граѓани, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...