Продолжуваат протестите пред „Повардарие“ поради неплатено грозје

Неготино, 17 октомври 2017 (МИА) - Продолжуваат протестите на лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје. Тие се закануваат дека доколку не ги добијат парите, ќе ги блокираат и патиштата од Неготино кон Штип и Кавадарци.
- Народот е собран тука бидејќи има проблеми, апсолутно винарската визба не е во право, бидејќи не го исплаќа грозјето на самите лозари кои имаат за земање пари за род од 2014, 2015 и 2016 година. Од моја страна лично имаат целосна поддршка заради тоа што луѓето се во право, дале роба, а пари нема, изјави Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија".
Лозарите се пожалија дека имаат пари за земање. Според нив, станува збор за огромни суми пари.
- Само не лажат ни пуштаат по 5.000 денари на трите месеци како социјална помош, срамота е ова што се прави, реагираа лозарите.
Тие побараа да дојде финансиска полиција да ја преиспита целата ситуација, бидејќи, како што наведуваат, грозјето било откупено, а неплатено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...