Во Тетово за девет месеци 593 сообраќајки и седум загинати

Тетово, 18 октомври 2017 (МИА) - Седум загинати во вкупно 593 сообраќајни несреќи регистрирала полицијата на поширокото тетовско подрачје во изминатите девет месеци од годинава, што е намалаување на бројот на сообраќајки за 17 во однос на истиот период лани кога загинале 10 лица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Од жртвите двајца се возачи, тројца биле сопатници, еден е пешак и еден мотоциклист. Од останатите статистички податоци во 42 несреќи со тешки телесни повреди се задобиле 44 лица, во 244 несреќи со лесни повреди завршиле 477 лица додека во 301 несреќа причинета е само материјална штета што вкупно се проценува на околу 24 милиони денари.
- Најголемиот број од несреќите се случиле на тетовските улици, потоа на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и околните регионални патишта Тетово-Пирок и Тетово-Волковија. Најчеста причина за несреќите и особено за оние со најтешки последици, повторно е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење (170), неправилно вршење дејствие (131), 90 од несреќите биле последица на излегување од коловоз, 46 биле предизвикани од животни, претежно од кучиња-бездомници, а во 57 непосредни учесници биле пешаци, рече Јосифовски.
Истовремено, Јосифовски посочи дека за истиот период од девет месеци од страна на полицијата вкупно биле контролирани 36.100 возила од кои 12.047 биле нерегистрирани и технички неисправни, биле откриени 1.436 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 902 возачи-почетници, 68 со несоодветна категорија и 45 со важечка забрана за управување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...