Непозната жена измамила скопјанка и и одзела злато вредно илјада евра

Четирисет и три годишната М.Р. од Скопје вчера во нејзиниот дом била измамена од непознато женско лице и притоа била оштетена за околу 60.000 денари.



Како што соопшти МВР, оштетената М.Р. вчера во 12:30 часот пријавила во Полициска станица Гази Баба дека истиот ден околу 10:00 часот од страна на засега непознато женско лице била измамена.

- Сторителката дошла кај неа дома и продавала долна облека, но оштетената ја одбила, по што истата побарала кафе и М.Р. и дозволила да влезе во нејзиниот дом. Откако влегла сторителката почнала да и кажува некои работи за семејството на М.Р. и и кажала дека знае да гата и и побарала и злато.

Откако оштетената и го донела златото (девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки), сторителката и кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...