Грујевски и Бошкоски денеска пред Судот во Солун

Во Судот во Солун денеска треба да се одржи судењето на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, по кои македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, јавија грчките медиуми.



Тие минатиот петок беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, но судењето беше одложено за денеска поради немање преведувач од грчки на македонски јазик.
Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Двајцата беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солунна 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта. 

Претходно грчки медиуми јавија дека Грујевски и Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе бидат во притвор во Грција.
Постапката од македонска страна ќе ја води Министерството за правда, кое од МВР го има добиено известувањето од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница. Министерството за правда минатата недела соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за подготовка на целокупната документација за нивна екстрадиција, откако е добиено официјално писмо од Централни полициски служби на МВР.

Премиерот Зоран Заев, СЈО и Министерството за внатрешни работи  изјавија дека не очекуваат да биде попречена екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски од Грција во Македонија.
Скандалот со прислушувањето во Македонија почна во 2015 година и предизвика политичка криза во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...