Завршни зборови за „Тврдина 2“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да бидат презентирани завршните зборови на Специјалното јавно обвинителство и на одбраната во случајот „Тврдина 2“ во кој обвинети се поранешниот началник на УБК Горан Грујевски и уште шестмина вработени во УБК.

СЈО очекува Грујевски и останатите шест обвинети да добијат осудителна пресуда.
- Имаме цврсти материјални и вербални докази. Сите докази се во прилог на теоријата на обвинението, така што уверени сме дека обвинитите ќе добијат осудителна пресуда, рече обвинителката на СЈО Ленче Ристоска по главната расправа за овој предмет што се одржа на 2 ноември.

Судијката Лидија Петровска тогаш го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујевски, да се одложи судењето на неопределено време, додека не се заврши неговата екстрадиција од Грција во Македонија.  Повикувајќи се на Законот за кривична постапка, Шврговски посочи дека доколку му се суди во отсуство, ќе му биде повредено правото на одбрана.
Обвинителите на СЈО, пак, ги отфрлија ваквите аргументи како неосновани бидејќи, спроед нив, судењето во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката.

По денешните завршни зборови, се очекува Судот да донесе конечна одлука за „Тврдина 2“.
Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошкоски, кој во „Тврдина 2“ требаше да се појави како сведок. Двајцата минатиот месец беа уапсени со лажни пасоши на аеродромот во Солун при обид да заминат за Будимпешта. 

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на служебна документација поврзана со незаконското прислушување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...