Локални врнежи од дожд, во Штип ветер со брзина од 45 километри на час

Во западните делови од државата утринава и во текот на ноќта имаше слаби локални врнежи од дожд и дуваше слаб до умерен југоисточен ветер. Во Штип, ветерот бил со брзина од 45 километри на час. 

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет во западните и југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Во текот на ноќта, почнувајќи од западните делови, врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират и кон исток. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремен дожд, а максималната температура ќе достигне до 15-тиот степен.

Според УХРМ, утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со над 25 л/м2, особено на запад и во југоисточните делови. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер.

Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето, а од викендот следува период на променливо облачно и врнежливо време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...