Сервер: Можно е решение за името и прием во НАТО следната година

Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во изјава за МИА оценува дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.



Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.

- Да, решение, барем, за членство во НАТО е можно во 2018 година. Иако истата работа можев да ја кажам секоја година од Времената спогодба од 1995, условите (приликите) за тоа во моментов се ветувачки, истакнува Сервер.

За евентуалните реакции од Москва кога ќе дојде времето за прием на Македонија во НАТО и изјавата што во тој контекст ја даде премиерот Заев за црногорското радио „Антена 1“, Сервер наведува дека „Русите ќе пробаат се што можат за да ја спречат Македонија да влезе во Алијансата“.

- Притисок врз Грција, финансирање на анти-НАТО политичари, изнајмени демонстранти, интензивна пропаганда од РТ и Спутник, оружени провокации, дури атентат и државен удар, сето тоа ќе биде на нивното мени. Најдобро е да бидете подготвени за најлошото, вели Даниел Сервер во изјава за МИА.

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји минатата недела на дебата во Вашингтон изјави дека прашањето за името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение. Шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас, пак, изјави дека очекува прашањето да биде затворено во првата половина на наредната година, а македонскиот премиер Зоран Заев, дека треба да се направи исчекор и оти сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.

Нова рунда разговори на преговарачите на двете земји со посредство на Метју Нимиц, по подолга пауза, се очекува да биде одржана на 20 или 21 овој месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...