Уставен суд го укина Законот за одредување на казните

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови го укина Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

Судиите констатираа дека Законот е уставно проблематичен и затоа треба да биде укинат.
Со Законот се уредуваше одредувањето на видот и одмерувањето на казната, договарање за видот и висината на казната меѓу јавниот обвинител и обвинетиот во рамки на спогодувањето, како и формирањето, составот, мандатот и надлежностите на Комисијата за воедначување на казнената политика.

- Содржаните правила и критериуми во ова законско решение наметнати на судиите при одмерување на висината на казната да се под контрола на Комисијата за воедначување на казнената политика, чии членови ги избира Собранието на РМ, не е во согласност со уставната определба за самостојноста и независноста  на судовите. Не може законодавната власт да се наметнува над судската власт, сметаат од Судот.

Оспореното законско решение, како што велат од Судот, воспоставува дерогирање на уставната одредба, имајќи предвид дека Врховниот суд како највисок суд во Републиката, според Уставот, е надлежен да го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите.

Одлуката за укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, што беше донесен во 2014 година, ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службен  весник.

Уставните судии денеска поведоа постапка за оценување на уставноста во три члена од Законот за извршување, што се однесуваат на тоа барањето, приговорот и жалбата  за извршување  на извршна исправа, чија вредност на главното побарување е над 10 илјади евра задолжително ги составува адвокат.

Судот смета дека правото на избор на адвокат не може да биде наметнато, туку тоа е право на избор на граѓанинот во таа постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...