Во Кривичниот суд рочишта за „Труст“ и „Триста“

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство  „Труст“ и „Триста“.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

На последното рочиште обвинителите на СЈО го изложија обвинението и побараа од Судот врз основа на приложените докази обвинетите да бидат прогласени за виновни. Сеад Кочан, пак, се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство, а вина пред Судот негираа и второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ.

Обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски, образложи дека дека обвинетите Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман. Според доказите што ќе ги презентира СЈО, наведе Бубевски, ќе се докаже дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки.

Одбраната на обвинетите смета дека тие се неосновано обвинети, дека доказите и вештачењето приложени од СЈО се нерелевантни и оти околу овој случај се крева „медиумска фама“.

Во предметот „Триста“ пак е обвинет поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на  Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во овој предмет според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...