Во Кривичниот суд рочишта за „Труст“ и „Сопот“

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите   „Труст“ и „Сопот“.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ се сослушуваа сведоци.



На минатото рочиште прв беше сослушан сведокот на обвинителството Феим Имери од Сарај, кој има веќе 26 години сопствена фирма која се вика „Феим сервос“. Фирмата продава градежни машини и има сервис.

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство го испрашуваа сведокот дали навистина продал механизација на фирмата „Трансмет“, колку машини и кога, изложувајќи му фактури и договори.

Имери, иако призна дека тоа се фактури на неговата фирма, не беше сигурен за потписите, бидејќи како што рече, со текот на годините личниот потпис го менувал.
Според СЈО доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, приближно 1.060.000.000 денари, односно 17 милиони евра.

Предметот „Сопот“, пак, е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

„Сопот“ е повторно отворен годинава откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, затоа што во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...