Фетаи: Очекуваме иста санкција за Ристевски како во случајот со Лазаров

Денеска имавме уште една раздвоена постапка, бидејќи уште еден од обвинетите од случајот на СЈО „Насилство во Центар“, си ја призна вината за кривичното дело што му се става на товар, изјави денеска специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, по завршувањето на главната расправа за случајот.



Фетаи рече дека судот утре ќе ја објави одлуката за кривичната санкција и оти очекуваат иста пресуда како во случајот со Томислав Лазаров.
- Дадовме и завршни зборови и утре треба да биде објавена пресудата, истакна Фетаи.

По однос на останатите обвинети, истакна дека главната расправа ќе продолжи на 7 декември, бидејќи еден од адвокатите на тројца обвинети во овој предмет бил оправдано отсутен, а за да му се овозможи на секој обвинет неговото основно право да има бранител во постапката, прифатиле да се одложи главната расправа.
Денеска во Кривичниот суд-Скопје почна и заврши главната расправа во судскиот процес против Јордан Ристевски, петообвинет во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, кој на денешното рочиште самоиницијативно призна вина.

Обвинетиот Ристевски денеска одеднаш ја призна вината и пред судијата и обвинителите од СЈО одлучи да се застапува сам, без помош од адвокат.
Тој рече и дека немал никакви притисоци, ниту закани, за да ја признае вината.
Неговиот досегашен бранител Боро Ристевски, го откажа полномоштвото за застапување, бидејќи, како што кажа, и самиот е изненаден од признанието на вина на неговиот клиент.

- По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење, рече Ристевски во судницата.
Претходно, како што МИА објави, обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.
Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, претходно призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

На денешното рочиште присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е обвинет во предметот, а на излегување од судницата изјави дека не се чувствува виновен за обвинението и дека не се плаши од никаква санкција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...