Нова пресуда за предметот „Насилството во Центар“ на СЈО

Кривичниот суд-Скопје денеска треба да ја донесе пресудата за петообвинетиот  во предметот на СЈО „Насилство во Центар“ Јордан Ристевски, кој вчера на рочиште самоиницијативно призна вина.
Судењето на останатите останати 13 обвинети во предметот „Насилство во Центар“, е закажано за 7 декември.

Обвинетиот Ристевски ја призна вината и пред судијата и обвинителите од СЈО, одлучи да се застапува сам, без помош од адвокат. Неговиот досегашен бранител Боро Ристевски, го откажа полномоштвото за застапување, бидејќи, како што кажа, и самиот е изненаден од признанието на вина на неговиот клиент.

- По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење, рече Ристевски вчера во судницата.
Претходно, како што МИА објави, обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.

Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, претходно призна и четврто обвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.
Обвинителката Фетаи вчера рече дека очекува одлуката која ќе ја објави судот да биде иста пресуда како во случајот со Томислав Лазаров.

По однос на останатите обвинети, истакна дека главната расправа ќе продолжи на 7 декември, бидејќи еден од адвокатите на тројца обвинети во овој предмет бил оправдано отсутен, а за да му се овозможи на секој обвинет неговото основно право да има бранител во постапката, прифатиле да се одложи главната расправа.

На вчерашното рочиште присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е обвинет во предметот, а на излегување од судницата изјави дека не се чувствува виновен за обвинението и дека не се плаши од никаква санкција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...