Исмаил Дарлишта избран за обвинител во ЈОРМ

Советот на јавни обвинители на денешната седница го избра поранешниот уставен судија и министер за правда Исмаил Дарлишта за обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.



За прв човек на Вишото јавно обвинителство во Битола е именувана Мери Тромбева, а Билјана Стефчева е шеф на радовишкото Основно јавно обвинителство, додека Ханефи Амет од Вишото скопско обвинителство е избран за обвинител во Основно јавно обвинителство во Тетово.

На денешната седница на Советот избрани се и неколку в.д. шефови на обвинителства, кои ќе бидат вршители на должност во наредните еден до два месеца. Тоа, како што појасни претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјов, е едногласно договорено за да може новиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, да си формира сопствен тим.

За вршител на должност на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал е назначена Гордана Смаќоска, на Основното јавно обвинителство-Скопје е именуван Сашо Рајев, во ОЈО Куманово е избрана Теута Бедиу, во Гостивар Башким Исини, а прв човек на битолското Основно јавно обвинителство останува Антонио Јолевски.
За останатите места за кои беше распишан оглас, тој ќе биде поништен и ќе се објави нов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...