Не се гласаше за ниту еден амандман за законот за јазиците

Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија пред полноќ ја завршија амандманската расправа за Предлог законот за употреба на јазиците. Во Комисијата за европски прашања не се гласаше за ниту еден од 90 поднесени амандмани. 



Во соопштение од Комисијата се наведува дека согласно член 171-в став 1 од Деловникот на Собранието, Комисијата не успеа да се произнесе по првиот амандманот. Во согласност со Деловникот, како што се посочува, Комисијата за европски прашања не водеше претрес и по останатите поднесени амандмани бидејќи беше истечен рокот од најмногу три работни дена за водење на претресот по амандманите.

Седницата е затворена без да биде прифатен ниту еден од 90 поднесени од кои 84 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од Беса. Законот е проследен до Собранието.
Продолжението на седницата вчера помина во долги реплики на пратениците од ДУИ, кои го образложуваа и го читаа законот. На расправата, како што најавија, не присуствуваа пратениците од Беса и ВМРО-ДПМНЕ.  

Претседателот на Комисијата Артан Груби во изјава за медиумите вчера рече дека тој не може да ги ограничи пратениците во должината на нивните говори и ги отфрли тврдењата дека ова е еден вид блокада за да се спречи расправа за амандмaните поднесени од Беса, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ, како што рече, не поддржува промена на текстот на законот, кој е производ на политички компромис помеѓу коалициските партнери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...