Условите во Вардариште несоодветни, проблемот со кучињата бара сеопфатен пристап

Реновирање на стационарот Вардариште, спречување на појавата на неодговорно сопствеништво и неконтролирано размножување на кучињата во домашни услови и чепирање на домашните кучиња се дел од решенијата за да се надмине проблемот со кучињата чиј број е се поголем на улиците и да се спречат случаите во кои беа нападнати случајни минувачи.



Од здруженијата за заштита на животните сметаат дека една од мерките за надминување на проблемот е да се спречи неконтролираното размножување на домашни кучиња бидејќи две третини од нив завршуваат на улица како скитници.

- Она што мора да се намали и да се стави во контрола е репродукцијата на расни кучиња. Имаме преголемо производство, а премала побарувачка. Две третини од овие кучиња завршуваат на улица и понатаму се размножуваат и прават нови единки, вели Радмила Пешева од здружението „Анима мунди“, која воедно е и член на работната група која ја следеше состојбата во стационарот Вардариште.

Според неа, се работи за повеќедецениски проблем којшто бара пристап од повеќе аспекти.
На денешната презентација на извештајот за состојбата во Вардариште, беше посочено дека треба да се направи и чипирање на кучињата и база на регистрирани сопственици на кучиња.

- Има многу девијантни личности кои на несоодветен начин чуваат кучиња кои во својот карактер се мешавина на разни раси кои се претерано агресивни, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој побара да се направи база на податоци за кучиња чувани во домашни услови, а кои по својот карактер се поагресивни.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство, како што истакнаа од работната група, веќе имаа одреден буџет за чипирање на кучињата и имаат софтвер за ваква намена, но тој не е функционален.

Извештајот на работната група која ја следеше состојбата во стационарот Вардариште покажува дека условите за згрижување и третман на кучињата се несоодветни и оти е потребно негово реновирање. За таа цел, во буџетот за следната година се предлага да се одвојат 10 милиони денари за реновирање на овој стационар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...