Откриена нелегална обложувалница во Градец, Гостиварско

При контрола на полицијата, во центарот на гостиварското село Градец, вчера била откриена обложувалница која работела нелегално, информираат од СВР Тетово.



Портпаролот Марјан Јосифоски вели дека полициски службеници на СВР Тетово полициска станица Гостивар, вчера, околу 14 часот извршиле контрола во спортска обложувалница, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар. Во објектот бил затекнат А.Џ. (25) како вработен.

- Во објектот без фирма, пронајдени и со потврда одземени се: девет телевизори, шест покер апарати со 13 клучеви, три компјутерски куќишта, два монитора, два читача, четири принтери, една тастатура, четири билтени, четири тикети и парични средства во вкупен износ од 81.690 денари, вели Јосифоски.

Во тек се активности за расчистување на сите поединости, по што против сопственикот на обложувалницата ќе следува соодветен поднесок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...