Се чистат диви депонии во Делчевско

Делчево, 18 декември 2017 (МИА) - ЈПКД „Брегалница“ од Делчево интензивно работи на чистење на дивите депонии во градот и околината. Директорката на ЈПКД „Брегалница“, Розетка Цонева, истакна дека се лоцирани шест диви депонии, а акцијата се одвива во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат.

- Досега се исчистени две диви депонии, депонијата кај мостот на реката Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чука. Остануваат уште депониите кај Попов мост, кај манастирот св. Богородица Балаклија, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да се користи и соодветна механизација, а отпадот потоа се транспортира и се депонира на главната депонија, рече Цонева.

Таа апелира до граѓаните за поголема свест за чистата животна средина.

- Јас ги повикувам граѓаните да ја почитуваат животната средина, да не депонираат најразличен отпад на овие црни точки за животната средина кај нас, бидејќи редовно се случува ние да ги исчистиме локациите, а другиот ден повторно да најдеме депониран отпад. Дивите депонии се потенцијална опасност од зараза, но и го нарушува изгледот на градот, посебно локациите кои сами си ги одбрале за депонии, како што се туристичките локалитети, на пример патот за Голак и манастирскиот комплекс Св. Богородица Балаклија“, истакна Цонева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...