Кумановската болница набави нов апарат за операција на катаракта

Куманово, 18 декември 2017 (МИА) - Општата болница во Куманово со сопствени средства во износ од 2,4 милиони денари набави нов апарат за операција на катаракта, за потребите на очното одделение. Со новонабавениот апарат се очекува да се зголеми бројот на операции на оперативниот дел од сегашните 250 на годишно ниво на 400 операции.
- Од огромно значење е не само за пациентите од Куманово, туку и од другите градови Крива Паланка и Кратово. Ова е нов софистициран апарат кој мене како офтамотолог многу ми значи, бидејќи многу ќе ми ја олесни самата оперативна метода, изјави Елизабета Спасиќ, офтамотолог.
Претходно на одделението операциите се изведуваа со апарат кој е донација.
- Во иднина планираме да ангажираме и едукатор, бидејќи апаратот е нов и начинот на работа не е ист, изјави началникот на одделението за очни болести, Али Далипи.
Тој напомена дека засега на одделението има четворица офтамолози. На годишно ниво на амбулантниот дел се изведуваат околу 15.000 прегледи, а дневно има од 50 до 60 термини. Тој вели дека во иднина ќе ја разгледуваат можноста за јакнење на стручниот кадар на ова одделение.
- Апаратот беше во предвид за јавни набавки за годинава. Драго ми што успеваме да го купиме. Ќе настојуваме во рамки на своите можности да ги опремуваме одделенијата со нова апаратура за поефикасно работење и подобра услуга кон пациентите, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.
Претходно болницата одвои сопствени средства за набавка на опрема за физикална терапија. Таа информираше дека наредната година, планирано е да се изведуваат лапараскопски операции на одделението за гинекологија и едукација на кадарот, за што ќе се набави соодветна опрема. Додаде дека е планирано да се отвори центар за дојка, со скрининг за карцином на дојка, но потенцираше дека е покрупна инвестиција за која помош ќе бараат преку донации. Што се однесува до набавка на нови апарати за останатите одделнија во Кумановската болница, ќе се чека предлозите да ги достават стручните тимови, по што ќе одлучува стручниот коелегиум и управниот одбор.
- Се надевам дека ќе бидат задоволни и колегите и пациентите, додаде Захариева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...