Етничките заедници се мост на поврзување меѓу Македонија и Албанија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска во општина Пустец оствари средба со потпретседателот на општината Андон Јани, со претседателката на Советот на округот Корча, Ана Веруши и со советниците на оваа општина.

Џафери на средбата, како што јави известувачот на МИА, ја истакна потребата од проширување на прекуграничната соработка, како потенцијален ресурс за инфраструктурен, економски и туристички развој.

- Етничките заедници се мост на поврзување меѓу двете држави и тие придонесуваат кон пријателските односи помеѓу Република Македонија и Република Албанија, рече Џафери.

За време на средбата беа спомнати и позитивните напори од двете држави во насока на креирање на поволна клима за подлабока соработка во областите од клучен интерес за двете држави.

Позитивен пример, како што беше истакнато на средбата, е и неодамнешното одржување на заедничката седница помеѓу владите на двете земји, како и интензивирањето на взаемните посети на високо ниво.

На крајот на средбата, беше истакнато дека општина Пустец е дел од Преспанскиот Национален Парк, кој заедно со околниот регион се природен бисер и богатство со огромен туристички потенцијал, што треба да биде заштитен, сочуван и промовиран од трите соседни земји, односно Република Македонија, Република Албанија и Република Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...