Во Охрид и Претор повеќе снег од Крушево

Најмногу снег има во Лазарополе каде што висината на снежната покривка е 17 сантиметри, додека во Крушево наврнати се само шест сантиметри. Повеќе снег од Крушево има во Охрид и Претор каде висината на снежната покривка изнесува осум сантиметри.



Слаб снег утринава има во Крива Паланка, а во изминатите часови и во Берово.
Утринава најстудено е во Берово каде се измерени -3 степени, а најтопло е во Скопје и Демир Капија каде утринската температура е два степена.

До осум часот утринава најмногу дожд има наврнато во Лазарополе, а најмалку во Крива Паланка.
Врнежи од дожд ќе има до попладневните часови во должина на  Повардарието, а на планините на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Утринава дува слаб претежно северозападен ветер, освен во Ѓуриште каде ветерот е умерен северозападен. Од пладне се очекува умерен до повремено засилен северозападен ветер кој ќе биде најизразен на југоисток, а облачноста ќе се намалува.

Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.
Во Скопје претпладне сеуште ќе има повремен слаб дожд, а потоа ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер и облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне до девет степени.

Веќе од утре се очекува стабилно и суво време со магла по котлините и по речните долини. Во следните два дена, утринските температури ќе бидат пониски, а за време на викендот преку ден, особено на југоисток, ќе достигнуваат и до 15 степени, со исклучок на местата каде со магла.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...