Во Њујорк нови разговори за името, Османи од Атина порачува дека годинава е историска шанса

Во Македонија постои јасно изразен оптимизам за затворање на прашањето на Грција околу употребата на името на Македонија, ова вчера го посочи  вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на средбите во Атина со шефот на дипломатијата Никос Коѕијас и заменик-министерот за надворешни работи за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос.



Според Османи, оваа година претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето  и дека како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани, имаат обврска да покажат зрелост и сериозност за да не се пропушти оваа шанса. Пред соговорниците тој посочил дека во Македонија постои јасно изразен оптимизам за затворање на ова прашања и изразил надеж дека, заедно со позитивните сигнали кои доаѓаат и до страна на Грција ќе биде надминато.

Додека вицепремиерот Бујар Османи имаше средби со неговите домаќини во грчкото МНР во Атина, пратеници од ултра десничарската и националистичка партија Златна зора, заедно со група нивни поддржувачи се собраа на протест пред зградата на Министерството за надворешни работи на Грција. Дописникот на МИА јави дека демонстрантите подигнале пано на кое пишувало „Македонија е грчка“, извикувале слогани „Предавници“ и „Тргнете ги рацете од Македонија“, а на оградата од министерство закачиле порака: „Отстапувањето на името Македонија за државичката на Скопје е еднакво на национална распродажба“.

Од МНР за МИА вчера потврдија дека новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк. Разговорите со медијаторот доаѓаат во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон, за конечно затворање на дводеценискиот спор за името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...