Зендели: Беса гласаше за законот за употреба на јазиците

Пратеничката група на Беса го поддржа Законот за употреба на јазиците иако со него не се официјализира употребата на албанксиот јазик, изјави пратеникот Фадил Зендели во Собранието по донесувањето на Законот.



- Ние како парламетарна група порано изјавивме дека ќе го поддржиме законот и денеска гласавме, како што за законот гласавме и во прво читање, иако за него имаме забелешки. Сметаме дека со овој закон не се официјализира албанскиот јазик, туку има само едно авансирање, унапредување на употребата на албанскиот јазик во државните институции, рече Зендели.

Тој најави дека сите пет пратеници од парламентарната група на движењето БЕСА ќе продолжат да дејствуваат единствени како и досега, согласно платформата, програмата и статусот на на движењето.
- Сите случувања во самата партија оставаме да се решаат како внатрешни прашања на органите на движењето, додаде Зендели.

Законот за употреба на јазиците денеска беше донесен со 69 гласа од присутните 69 пратеници. Според листингот од гласањето за законот гласаа сите пратеници од СДСМ и Коалицијата, ДУИ, двајцата од Алијанса на Албанците, Мерал Ферати од ДПА, како и независните Амди Бајрам од Сојуз на Ромите, Чедомир Саздовски од ГРОМ и Весел Мемеди од Национална демократска преродба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...