Од утре постудено со можни врнежи од снег и во некои котлини

Најмногу дожд околу пет литри на метар квадратен утринава има наврнаa во Дебар, а слаби врнежи од снег има во Маврово каде висината на снежната покривка е два сантиметри.



Утринските температури се над нулата освен во Маврово каде се измерени -1 степен. Најтопли градови утрово се Битола, Скопје и Демир Капија со пет степени. 
Според УХРМ, утринава низ државата е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Врнежите започнале од западните делови, а во втората половина од ноќта и изутринава проширени се  и во источните делови од државата.

Слично време се очекува во текот на целиот ден. Ќе дува слаб, во западните подрачја умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд и слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што во следните два дена ќе услови врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колку МцДоналд'с девојки се потребни за да сменат сијалица?
- Две, едната да ја одврти, другата да стави помфрит!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги...
Верски календар
На денешен ден
1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем...
1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој...
1819.- Република Колумбија доби независност....
1847.- Роден е германскиот сликар и графичар...