Донесен Законот за јазиците, неизвесно дали Иванов ќе го потпише

Собранието на Република Македонија вчера со 69 гласа „за“ го донесе Законот за употреба на јазиците. Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан.



На седницата не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои не учествуваат во работата на Парламентот во знак на револт поради притворот на шестмина нивни колеги и други граѓани за учество во инцидентите во законодавниот дом на 27-ми април минатата година.
Неизвесно е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го потпише указот за законот, имајќи ги предвид ставовите од неговото предновогодишно обраќање во Парламентот.

Тогаш Иванов кажа дека Законот за јазиците не преставува закана по македонскиот јазик, туку тој преставува закана по унитарноста на државата. Законот, според него, го крши Уставот на Република Македонија
Неговата одлука за законот, рече Иванов тогаш, се заснова врз дадените писмени гаранции за заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Тој, посочи Иванов, мора да биде во согласност со Уставот и усогласен со македонските закони.

- Јас сум претседател на сите граѓани и сакам унапредување на употребата на јазиците на сите заедници, вклучително и на албанскиот јазик, истакна Иванов.
Според него, барањето за двојазичност е апсолвирано со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Рамковниот договор, каде што се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. 
Дебатата за законот за јазици во Собранието почна на 5 септември минатата година во собраниската Комисија за европски прашања, а парламентарното мнозинство ја усвои потребата од негово носење на 15 ноември лани.



Против законот беше опозициската ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека е неуставен и дискриминаторски во однос на македонскиот јазик и останатите јазици на кои говорат граѓаните во Македонија. Власта, според нив, покажа дека највисокиот правен акт на државата Уставот, за неа е само мртво слово на хартија. Законот, според ВМРО-ДПМНЕ, не придонесува за реално унапредување на правата на албанската заедница во Македонија, туку напротив ги продлабочува разликите и оди на штета на хомогеноста на македонското општество.

Наспроти опозицијата, предлагачот и пратениците од мнозинството, во текот на дебатата порачаа дека законот е дел од патот на евроатлантските интеграции на Македонија и на никаков начин не го нарушува ниту Уставот, ниту унитарниот карактер на државата.
Пратеникот од ДУИ Артан Груби изјави дека со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор.

- Денешниот ден е многу успешен. Им честитам на сите граѓани затоа што храбро се настапи кон заокружување на овој мировен договор. Сега останува да пристапиме кон имплементација на сето тоа што го усвоивме во

Собранието на РМ, рече Груби.
Очекува опозициската ВМРО – ДПМНЕ, како еден од потписниците на Рамковниот договор кои денеска не присуствуваа на седницата, да го поддржи законот. Доколку претседателот Иванов реши да не го потпише законот, тоа според Груби, би било против Рамковниот договор и против социјалната кохезија во општеството во Македонија, и во тој случај законот ќе се врати во Парламентот каде што повторно ќе се изгласа.
Пратеничката група на Беса го поддржа Законот за употреба на јазиците иако со него не се официјализира употребата на албанскиот јазик, изјави пратеникот Фадил Зендели во Собранието по донесувањето на Законот.

- Сметаме дека со овој закон не се официјализира албанскиот јазик, туку има само едно авансирање, унапредување на употребата на албанскиот јазик во државните институции, рече Зендели.
Како што наведува во образложението од Министерството за правда, со Законот за употреба на јазиците се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...