СДСМ предлага намалување на патните трошоци на пратениците

Пратеничката група на СДСМ денеска предложи измени на два закона со цел намалување на патните трошоци на пратениците и други избрани и именувани функционери за користење на сопствено возило во службени цели, како и отстранување на сите можности за евентуални злоупотреби.



Предлогот е надоместокот што го добиваат пратениците од 30 проценти да се намали на 15 проценти од цената на литар гориво по изминат километар.
Во редовна процедура се предлагаат измени на законите за плата и надоместоци на избрани функционери и за пратеници, а подготвена е и Предлог-одлука.

- За таа цел е подготвена Предлог-одлука со која поконкретно се регулира исплатата на надоместокот на патни трошоци, во која предлагаме висината на надоместокот да се намали од 30 на 15 проценти, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.

Во однос на отстранувањето на можностите за злоупотреби при исплатата на патните трошоци, пратениците од СДСМ предлагаат наплатата да се врши само врз основа на фискални сметки за платена патарина кои се платени со кредитна или дебитна картичка во сопственост на пратеникот.

- Односно преку т.н. слипови кои што ќе бидат доказ дека пратеникот лично платил патарина. Овие измени се исто така наведени во Предлог-одлуката кој што веќе е подготвена, рече Тунтев.
За овие предлози очекуваат поддршка од сите пратенички групи во Собранието, вклучувајќи ја и опозицијата. Но, доколку не се вклучат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во работата на Парламентот, сепак, тие ќе бидат проследени на комисии и на пленарна седница. Тунтев вели дека и има комуникацијата со Влатко Ѓорчев и ќе го праша за мислење.
Посочи дека предлозите на пратеничката група може да се третираат и како краткорочно решение.
Во однос на комуникацијата со опозицијата, на средбата со новинарите кажа дека е информиран оти се формирани комисии кои работат на Законот за заштитени сведоци. Тунтев рече дека тие ја чекале опозицијата да се вклучи во Собранието, но оти тоа не може да биде во недоглед бидејќи законите се врзани со рокови кои мора да се почитуваат, особено што дел од законите се и реформски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...