Шекеринска: Посетата на Столтенберг на Македонија порака сама по себе

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија Јенс Столтенберг е порака сама по себе. Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет во изминативе години доаѓаа во Македонија.



Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, оценувајќи ја претстојната посета на генералниот секретар на Алијансата на земјава.

- На Македонија успеавме да и отвориме нова шанса. Посетата ја гледаме како можност Македонија да се претстави во поинакво светло, како држава која ги решава своите проблеми, која работи на својот приоритет, и која реално верува дека членството во НАТО и во ЕУ значат поголема сигурност и поголем просперитет на граѓаните на РМ, рече Шекеринска.

Според неа, главната цел на посетата е и Столтенберг да слушне и од наша страна што е она што сме го сработиле и какви се нашите планови.
- Во делот на одбраната има со што да се пофалиме - со податоци за зголемен буџет во одбраната, со веќе зголемено учество во мисијата на НАТО во Авганистан, и со нови политики на транспарентност и интегритет кои покажуваат дека Македонија за да биде вистински член на НАТО прво треба да си обезбеди интегритет, транспаретност и одговорност во своето функционирање, рече Шекеринска.

На прашањето како го оценува проблемот со името за влезот на земјава во НАТО, таа вели дека „проблемот со името за жал стана еден од многуте проблеми кои НАТО ги нотираше во последниот извештај“.
- Посетата на генералниот секретар не е подарена, туку заслужена, тоа не е доволно за членство, но сепак покажува дека сме тргнале на вистинскиот пат. Столтенберг нема да го решава проблемот со името, тој ќе ја прати пораката дека кога една држава сака да стане членка на НАТО и ги влече вистинските потези - го гарантира владеењто на правото и основните вредности кои се во основата на нато алијансата, дека тогаш таа ја добива шансата за членство во нато, оцени Шекеринска.

Посочи дека во изминатите шест месеци Македонија покажала нов начин на однесување, поинаква политичка култура, и покажавме дека она што ќе го најавиме и ветиме се исполнува и станува реалност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...