Нимиц: Има позитивен моментум во Скопје и Атина

Медијаторот на Обединетите нации во преговорите за името меѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека нема нов предлог за името и дека на новата средба, закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.



- За ова прашање дискутираме повеќе од 20 години и повеќето од идеите веќе биле ставени на маса. Но, секогаш постои нов и друг начин за работите да бидат разгледани, од малку поинаква димензија. Затоа, мислам дека луѓето ќе го гледаат прашањето од малку поинакво светло. Секако, нема ништо што е сосема ново и мислам дека ова веќе сум го кажал. Не постои волшебно решение за ова прашање, рече медијаторот во интервјуто, кое го пренесува МИА.

Постои позитивен моментум во Скопје, вели Нимиц, додавајќи дека новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши ова прашање, јави дописникот на МИА од Атина.

- Мислам дека и грчката Влада исто така препознава дека ова е добар приод и добар чекор за грчката надворешна политика во регионот, да најде решение, за долгогодишното прашање. Од овие причини постои позитивен моментум меѓу двете земји. Мислам дека граѓаните во двете земји можеби се подготвени да слушнат одредени солуции, што се од нивни заеднички национален интерес, но исто така дека има одреден компромис тоа да се реши, рече Нимиц.

Нимиц напомена дека постојат и други прашања освен името, како што се неговата употреба, но и прашањето за идентитетот, што како што рече предизвивува голема загриженост во Македонија.

- Постојат и други прашања покрај името - неговата употреба, идентитетот..., што предизвикува голема загриженост кај северниот сосед и затоа треба да бидеме исклучително чувствителни во врска со тоа. Постои загриженост и во Грција за некои историски прашања, за историското и културното наследство, учебниците...

Овие прашања се важни, но мислам дека има решенија за нив. Двете соседни земји можат да ги решат, ако прво се реши основното прашање, истакна Нимиц во интерјуто, кое го пренесува МИА.

Смета дека во двете земји пристапот е со поглед насочен кон напред.
- Не бев јас, но некој кажа, дека можеме да избереме да се движиме брзо во 21. век или да се вратиме назад во 19. век, забележа Нимиц.
Тој исто така забележува дека во регионот постои загриженост околу одредени прашања, како што се бегалците, терориризмот или нестабилноста и дека со водство на меѓународната заедница овие прашања треба да бидат решени.



МИА го пренесува интегрално интервјуто на Метју Нимиц за ЕРТ:
Г. Нимиц, ви благодариме за ова интервју за грчката државна телевизија. Во врска со прашањето за името, се чини дека постои позитивна динамика за решение од двете страни. Што се сменило? Сметате ли дека би можело ваквата динамика да се рефлектира во преговорите?
- Прво, да ви се заблагодарам за можноста да зборувам повторно за прашањето за името. Да, постои поинаква атмосфера сега и сметам дека е резултат на повеќе работи. Нова Влада во Скопје покажува зголемен интерест за решавање на ова прашање.

Мислам дека и грчката Влада исто така смета дека е добро да се реши прашањето и дека со тоа би се направил навистина еден позитивен чекор за грчката надворешна политика во регионот да се реши долгогодишниот спор со северниот сосед. Така што сметам дека има позитивна динамика и во двете земји. Луѓето и во двете земји се подготвени да слушнат дека се донесени решенија, кои се доследни на националните интереси, но исто така кои во себе содржат и некој елемент на компромис, кој би го решил прашањето.

Исто така мислам дека постои загриженост во регионот во врска со некои прашања. Мигрантското прашање беше нешто што го размрда регионот. Прашањата поврзани со тероризам и нестабилност во регионот ги тера луѓето да размислуваат: „Не ли е време да ги решиме овие разлики?“. Грција, откако излезе од многу сериозна економска и финансиска криза, сега е во многу попозитивна состојба во врска со нејзината економија и треба да заземе позначајна улога како лидер во регионот. Сето ова ги поттикува луѓето да размислуваат „Ајде да се потрудиме да го решиме прашањето на пријателски начин.“

На средбата во Њујорк со претставниците на двете земји, дали планирате да им претставите ново име? Или пак име кое било одбиено во минатото, а на кое сега и двете страни би можеле да му пристапат на еден нов и позитивен начин?
- До одреден степен, да, ќе им презентирам некои идеи на претставниците следната недела. Се среќаваме на 17 јануари, што значи не можам да ги откријам моите идеи сега. Ќе споменам дека ова прашање го дискутираме повеќе од 20 години и повеќето од идеите веќе биле ставени на маса. Но, секогаш постои нов и друг начин за работите да бидат разгледани, од малку поинаква димензија. Затоа, мислам дека луѓето ќе го гледаат прашањето од малку поинакво светло. Секако, нема ништо што е сосема ново и мислам дека ова веќе сум го кажал. Не постои нова магија во ова прашање. Знаеме кои се проблемите. Знаеме како Атина размислува и знаеме како Скопје размислува. Очигледно има елементи кои биле покренати во минатото.
Дали тоа значи дека ќе ги претставите името и идеите за кои веќе сте преговарале во минатото?



- Низ годинте, јас дадов разни сугестии. Некои од нив биле корисни за една од земјите. Некогаш, пак, тие биле корисни за другата земја. Ќе се потрудам да ги земам предвид елементите, кои сум ги слушнал и од двете страни. Не сум претставил ниту една идеја во последниве неколку години. Не беше соодвенто да давам идеи со оглед на тоа што се случуваше. Но, сега мислам дека имаме добри преговарачи. Василакис е искусен и го познава прашањето многу добро. Исто така и Наумовски е многу ефективен дипломат. Тие се и колеги и ќе се обидеме со некои идеи.
Во медиумите во двете земји во последно време се појавија разни имиња, секогаш со одредница: Северна Македонија, Нова Македонија...Дали планирате да презентирате само едно име? И со каква каква одредница?

- Би сакал да разговараме за тоа, но сметам дека е прерано за тоа, со оглед на тоа дека средбата е следната недела. Сметам дека не е соодветно од моја страна да почнам да зборувам за конкретни имиња. Очигледно, многу внимание се посветува на некој вид на одредница и за тоа многумина од нас многу размислувале. Но не би сакал во оваа фаза да давам идеи. Она што сега би сакал да го направам е да се сконцентрирам да главното прашање, а тоа е потребата да се дојде до затворање на преговорите и да ги поттикнеме луѓето во двете земји да се фокусираат на постигнување на решение.

- Освен името, кои други прашања се важни? Дали би можеле двете страни да работат на решавање на овие прашања преку разговори?
Отсекогаш сум тврдел дека би бил многу задоволен доколку јас воопшто и не би бил битен и доколку двете страни можат да дојдат до договор без медијатор. Имаше многу разговори изминатите неколку години за односите на двете држави. Под водство на министерот Коѕијас имаше серија средби за градење на доверба, додека и другата страна беше исто така конструктивна и помогна.

Верувам дека ова создаде подобра атмосфера. Сметам дека историската природа, што некогаш изгледа провокативна го намали тонот и во голем дел целосно исчезна, што е многу важно. Сметам дека во двете земји пристапот е со поглед насочен кон напред. Не бев јас, но некој кажа, дека можеме да избереме да се движиме брзо во 21. век или да се вратиме назад во 19. век. Верувам дека за младите луѓе во двете земји движењето напред е подобро од одење наназад. Ако имате чувство дека работите се движат напред, дека регионот треба да биде кооперативен и да работи заедно, да биде заеднички во НАТО и ЕУ и да ги решава проблемите заеднички, тогаш гледате на ова на начин на кој може да биде решено.

Кои се другите чувствителни прашања за двете земји?
- Постојат и други прашања покрај името - неговата употреба, идентитетот..., што предизвикува голема загриженост кај северниот сосед и затоа треба да бидеме исклучително чувствителни во врска со тоа. Постои загриженост и во Грција за некои историски прашања, за историското и културното наследство, учебниците... Овие прашања се важни, но мислам дека има решенија за нив. Двете соседни земји можат да ги решат, ако прво се реши основното прашање.
За прашањето за името во Грција има различни погледи, во Владата, во опозицијата, вклучувајќи го граѓанскиот сектор. Дали мислите дека е дојден клучниот момент за решение и дали има вистинска волја за тоа?

- Како дипломат соработувам со Грција повеќе од 40 години и имам две правила. Првото - никогаш не давај коментари за грчката политика и затоа тоа нема да го направам ниту сега. Очигледно Грција е демократија со различни политички групи лидери кои имаат свои ставови. Мислам дека Грција е среќна што има сериозни лидери и уверен сум дека ако Владата најде решение што би било задоволително за нив се надевам дека ќе биде сериозно разгледано и поддржано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...