Столтенберг и Заев: Спорот за името мора да се реши, нема план „Б“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема план „Б“ за влез на земјата во НАТО. „Спорот со името мора да се реши“, порача Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, попладнево во Владата на Република Македонија.

- Спорот за името со Грција мора да се реши. Нема друг начин за влез на земјата во НАТО. Ова беше нагласено на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а потоа повторено на Самитот во Велс во 2014 и во Варшава во 2016 година, истакна Столтенберг.

Според него, нема друг начин за влез на земјата во Алијансата.

-Имате голем прогрес во реформите, но мора да бидеме реални. НАТО одлуките ги носи со консензус. Затоа навистина се надевам дека ќе го решите спорот со името и го поздравувам новиот моментум во преговорите. НATO не може да го реши името и да дава предлози тоа сами треба да го решите, рече Столтенберг.

Во врска со пресудата од Хаг за времената спогодба, Столтенберг смета дека е тоа е легална одлука, но дека тие носат политичка одлука за која треба да се согласат сите 29 земји членки.

Премиерот Заев ја оцени постата на генералниот секретар на НАТО како клучна за вистинско охрабрување и поддршка на нашите очекувања дека 2018 годна ќе биде историска година за Македонија, за регионот, за НАТО и ЕУ.

- Не можам да не изразам задоволство од обновениот интерес на НАТО за Западен Балкан во еден значаен и чувствителен геостратегиски момент. Време е да ги внесеме во завршница процесите на интеграција на сите земји од регионот што сакаат да бидат дел од семејството на северноатланската алијанса. Ние сме подготвени да работиме заедно во остварување на таа цел, истакна премиерот.

Изрази убедување дека нашата земја ги заслужува евроатланските перспективи.

- Сериозно мнозинство од нашите граѓани посакуваат членство во ЕУ и НАТО. Владата на РМ создава услови за градење национален консензус со сите клучни и одлучувачки политички субјекти со претседателот на државата и опозицијата за завршување на нашата интеграција во НАТО, рече Заев.

Потенцира дека Владата е силно посветена на процесот на домашните реформи што ја зајакнуваат и унапредуваат нашата демократија за да останеме во согласност со политичките критериуми за членство во НАТО.

- Верувам, потенцира, дека создаваме добар моментум за последниот заеднички исчекор и очекуваме Република Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Работиме за таа цел заедно со граѓаните и со сите наши партнери земји членки на НАТО, посочи премиерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...