Мајка и син загинаа во пожар во куќа во Битола

Мајка (50) и нејзиниот седумнаесетгодишен син загинаа во пожар што се случи рано изутрината во семејна куќа во Битола.



Причина за пожарот, според првичните сознанија на битолските пожарникари, е старата електрична инсталација на куќата што се наоѓа на ул. „Девејани“ бр. 115.

Екипа на Основното јавно обвинителство – Битола, МВР и Противпожарната служба вршат увид на местото на настанот. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и обезбедување на местото на настанот, како и за вршење на сите потребни вештачења во насока на утврдување на причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот. ​

Костадин Поповски, командир на Територијалната противпожарна единица – Битола, изјави дека пожарот бил пријавен утрото во 4 часот и 5 минути. Веднаш е испратена екипа со пет пожарникари и две противпожарни возила, но кога стигнале пожарот веќе бил во развиена фаза и ја зафатил кровната конструкција.
Поповски апелира до граѓаните да внимаваат во ноќниот период во своите домови да не оставаат отворен оган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...