Македонското здравство на 22 место во Европа

Македонскиот здравствен систем е рангиран на 22. место на листата на европски здравствени системи за 2017 година. На листата што ја објави Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија има 649 бода.

На првото место на листата е Холандија, на второто е Швајцарија, а на третото Данска. Подобро рангирани од Македонија се Србија на 21. место и Словенија на 16. место. Зад Македонија на листата се Црна Гора на 25. место, Хрватска на 26. место, Албанија на 27. место, Грција на 32. и Бугарија на 33. место. На последните две места се Романија и Кипар.

Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија во 2013 година била на 27 место, а во 2014 напредувала на 16 место. Напредокот главно е постигнат поради воведување на Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин и намалување на листите на чекање. Забелешки има на практичната примена на овој системот, како и на застарените методи на лекување, останата уште од времето на поранешна Југославија.

Европскиот здравствен потрошувачки индекс ги анализира националните здравствени системи врз основа на 48 индикатори кои вклучуваат области, како што се правата и информираноста на пациентите, пристапот кон здравствена заштита, резултати од лекување, обем и подрачје на услугите, превенција и користење фармацевтски производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...