Обвинетите во предметот „Топлик“ во судница, „Труст“ одложен

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот на СЈО „Топлик“, во кој осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

Овој предмет со новиот распоред му е доделен на судијата Осман Шабани.

Во „Топлик“, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки, составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинување на договорот по вина на Министерството, овој државен орган се обврзал на правното лице „Сан сити“ да му исплати долг и затезна камата во износ од еден милион евра.

Во Судот денеска требаше да се одржи ново рочиште за предметот „Труст“, но поради боледување на судијката Лидија Зимбовска е одложено.

Првоосомничен во „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан. Тој и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и ВАТО се сомничат за учество во тендер на Електрани на Македонија во вредност од 17 милиони евра со фалсификувани документи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...