Географска одредница, по „Пријателство“ до Грција, Македонија не е само грчка

Премиерот Зоран Заев синоќа на прес-конференција изрази подготвеност името на земјата да содржи географска одредница, потенцирајќи дека прашањето за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение. 



- Сакам нашите граѓани да знаат, сакам и граѓаните од соседна Грција да ги знаат деталите, но најповеќе сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа тука е секогаш дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам, затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на вчерашната заедничка прес - конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар, по презентација на Стратегијата за Западен Балкан пред министрите.

Македонскиот премиер рече дека внимателно ги следи настаните во Грција и реакциите дома, но оти колку и да е тешко изнаоѓањето решение на спорот, тој е оптимист и решение може да се најде. 
- Верувам дека ако водиме грижа за другата страна, за нашиот јужен сосед и ако тие водат грижа за нас притоа почитувајќи се, додржувајќи го достоинството и идентитетот, јас сум убеден дека може да се изнајде решение и за овој горлив двеипол децениски проблем, истакна Заев.

Претходно министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во интервју за Еуроњуз рече дека очекува од Скопје, „конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните“. Тој тврди дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното име и коментира дека од другата страна не постои иста таква подготовка.

Македонската Влада по овие изјави на грчкиот министер за надворешни работи издаде соопштение во кое се наведува дека на билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји.

- За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, соопшти прес-службата на Владата.
Изнаоѓањето взаемно  прифатливо решение, како што беше наведено, е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес.
- Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави, стои во соопштението. Од македонската Влада нагласуваат дека за секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана.
Македонскиот премиер Заев на вчерашната прес-конференција со евроамбасадорот Жбогар соопшти и дека Владата донела одлука за преименување на автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, да се преименува во „Пријателство“, а на седницата ја беше прифатена и одлуката аеродромот „Александар Велики“ од сега да го носи името Аеродром „Скопје“.

Одлуката беше поздравена од страна на грчкото Министерство за надворешни работи.
- Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, соопштија од грчкото МНР.
Претходно, портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека географската област Македонија не ѝ припаѓа исклучиво на Грција, туку и на други држави.

- Многу добро знаете дека врз база на меѓународните договори, географскиот регион на Македонија не ѝ припаѓа  исклучиво на Грција. 51 отсто од Македонија ѝ припаѓа на Грција, околу 30 проценти на Бугарија, останатиот дел ѝ припаѓа на ПЈРМ и еден процент припаѓа на Албанија. Затоа, ако преминеме на суштината на разговорот, гледаме дека географската област на Македонија во моментов им припаѓа на различни нации-држави и оваа реалност не може да не ја земе предвид грчката надворешна политика, рече Ѕанакопулос.
Во однос на македонскиот идентитет, портпаролот на грчката влада вели дека сите народи имаат идентитет и „ниеден народ не може да лиши друг народ од неговиот идентитет“.

Ѕанакопулос објасни дека постојат две главни причини зошто Грција смета дека треба да се реши проблемот. Првата е дека нема причина во веќе дестабилизиран регион како што е Балканот, Атина да придонесе за дополнителна дестабилизација, додека пак втората причина е фактот што Македонија веќе ја имаат признаено над 100 земји под уставното име и опасноста во иднина ова име да го прифатат и ОН



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...