Донација на Македонски Телеком и Град Скопје за детската болница - Козле

Македонски Телеком и Град Скопје, денес ја предадоа донацијата од два медицински апарати на Инситутот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Донацијата е реализирана со пренамена на средствата кои беа планирани за прославата за Нова година и е во износ од 10 000 евра.

-Донесовме правилна одлука, заедно со Градот Скопје – да ги пренамениме средствата планирани за прославата, за донација на медицински апарати, со кои ќе се подобри здравјето и квалитетот на живот на децата. Го избравме Козле, зошто е единствена институција од ваков тип во земјата, каде дневно се прегледуваат над 200 деца, од најрана возраст, изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

-Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на Град Скопје. Ја користиме секоја прилика безусловно да придонесеме за унапредување на квалитетот на животот на најмладите. Затоа одговорно ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје,  изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Донацијата ја прими медицинскиот директор д-р Ангелчо Андоновски, кој се заблагодари и истакна дека со апаратите ќе се подобри дијагностиката, ќе се намали времето на чекање и ќе се овозможи терапија за поголем број на пациенти.

Болницата за белодробни заболувања кај децата - Козле е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни заболувања кај децата. Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите. Институтот годишно згрижува 39.000 деца, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...